Современиот начин на живот секојдневно носи нови предизвици и неизвесности. Решение за овие предизвици е животното осигурување, кое денес нѝ треба повеќе од кога било. Овој вид осигурување е еден од најдобрите финансиски производи и секако е единствениот што овозможува комбинација на штедење и осигурување.
Животното осигурување е наменето за луѓе кои размислуваат за својата и иднината на своето семејство. Тоа обезбедува заштита од финансиски загуби што можат да настанат како резултат на несигурни настани. Но, преку долгорочно штедење, овој вид осигурување обезбедува и социјална сигурност и зачувување на животниот стандард во подоцнежните години.
Полисите за животно осигурување нѝ помагаат да бидеме подготвени за идни предизвици, како што се: едукација на деца, купување стан, „трето доба“, исполнување желби што претходно беа незамисливи за нас и слично. Исплата на договорената осигурена сума, чиј износ е дефиниран однапред со договорот, е гарантирана. Месечните рати, пак, со малку планирање и организација, лесно можат да се вклопат во домашниот буџет.
Како лидер во сегментот на животно осигурување во земјава, компанијата „Кроациа осигурување-живот“ го нуди производот Индивидуално животно осигурување кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедење, сигурност, како и осигурување и е целосно приспособлив на индивидуалните потреби. По избор на клиентите, кон него можат да се вклучат и дополнителни ризици, како оние од незгоди, операции или тешки заболувања, што го прават основното осигурување подобро.
Инвестирањето во овој производ е една од најмалку ризичните инвестиции. Затоа и со право се смета дека животното осигурување е мудра одлука. Да ја донесеме навреме, со цел подобро да се заштитиме себе и нашите најблиски.
(ПР-текст)