Кога се претставува државата, како во случајот со фудбалската репрзентација, тогаш се употребува Северна Македонија, додека македонско, македонска, Македонец, сите делови на придавката, се употребуваат во сите други форми на дискусија и соопштување на нашите ставови, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.
Конкретно, пратеничката Ане Лашкоска, од ВМРО-ДПМНЕ, праша за извинувањето на премиерот до официјачна Атина, кога призна дека направил грешка пишувајќи „македонска фудбалска репрезентација“ во објава на „Твитер“.
„Јас сум ги потпишал тој Договор, сум го преговарал тој договор и апсолутно целосно го гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и нашата македонска национална посебност. Апсолутно нема дилема кога се употребува Северна Македонија, а кога македонско, Македонец, Македонка и така натаму“, изјави Заев велејќи дека опозицијата секогаш бара начин како да ја замајува јавноста, преку, како што кажа, неискрен пристап.
Тој нагласи и дека пред Преспанскиот договор, за целиот свет сме биле ФИРОМ, а денеска, каок што рече, сме Македонци од Република Северна Македонија, кои зборуваат македонски јазик.