Заев: Целта на постапката против Пауновски е да се испрати порака дека законот мора да се почитува

пред 4 години

Владата треба да донесе одлука дали ќе го разреши директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски. Премиерот Зоран Заев вели дека има плејада на можност за тоа како да се постапи. Тој сака да ги разгледа и материјалите кои му ги донеле пазарните инспектори, па да го каже конечниот став пред Владата. Вработените во Пазарна му кажале на Заев дека Пауновски е добар човек, но и дека го унапредил работењето на инспекторатот.

„Ќе оставам Владата да си издебатира. Моите ставови ќе ги кажам на Владата, ќе ги кажам ставовите на Стојко Пауновски со кого во петок стапив во контакт, ќе ги кажам сите аргументации за одговорно владеење, на воспоставен систем на ред и поредок, каде што треба да се спроведуваат законите. Според Етичкиот кодекс имаме плејада можности како да постапиме, како за разрешување, така и за останување. Важно е да се почитува законот и одлуките, да имаме ефикасност во работењето. Искрено сакам кога ќе се вратам да ги прочитам материјалите кои инспекторите ги оставија. Значајни материјали кои сакам да ги прочитам, тоа ќе влијае на мојот став, а Владата ќе одлучува. Вчера имав став и го кажав јавно, денес, не дека се колебам, но имам почит кон овие административни вработени“, рече Заев.

Сепак, премиерот посочи дека целта на постапката против Пауновски е да се испрати пораката дека законот мора да се почитува. Објасни и дека телефонски разговарал со Пауновски во петокот.

„Дека бил добар човек, го унапредил работењето на Пазарниот инспекторат. Сфатив дека имаат колегијален однос, но и дека има одредени слабости кои ги имаме и сите други. Приложија документи, сакам да ги видам, за да се изјаснам. Коалицискиот партнер нема никакво барање за разрешување на Стојко Пауновски. Од 10 дена да се инатите 7 дена, не е дозволиво. Во четвртокот минатата недела, не можев да го добијам. Следниот ден имав вратка од директорот. Стојко Паунвоски е политички поставен за директор на Пазарниот инспекторат. Тој е еден од моите први партиски соработници. Ние имаме однос, не ни треба ништо посебно. Каква и да биде одлуката, соработката ќе продолжи. Во прашање е принципот“, додаде Заев.

Share
Scroll to Top