„Запознај ја Преспа“ годинава со фестивал на традиционалната храна и концерт на плажа

пред 5 години

По година пауза и успешната реализирана приказна во 2019-та, повторно ќе биде одржан настанот „Запознај ја Преспа“, нудејќи уживање во езерото, локалната култура и традиционалната храна.

Утре во Љубојно, од 12 до 18 часот се случува Фестивал на традиционалната храна, а на плажта Дупени од 18 часот настапуваат: Saso Recyd, Uzun Baba, како и гостите Positive Cuts од Албанија и Тhomas Numan од Грција.

Во рамките на настанот организиран е бесплатен превоз од Битола до Љубојно и Маркова Нога. Поаѓање од пред спортска сала,Битола во 13, и враќање од Маркова Нога во 1 часот.. За повеќе инфо: кафе Јагода.

Share
Scroll to Top