Затворен за сообраќај патниот правец с.Балван – с.Таринци кај мостот на реката Брегалница

пред 2 години

Денес од 10:00ч. патниот правец с.Балван – с.Таринци кај мостот на реката Брегалница поради безбедност за учесниците во сообраќајот е затворен за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на планинските превои со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2021 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2022 година.

Share
Scroll to Top