За еден ден санкционирани над 200 пешаци

пред 3 години

Во Македонија вчера беше спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците, при што беа изречени вкупно 230 мерки, меѓу кои 194 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 28 за непочитување на светлосните сообраќајни знаци или знаци што ги дава полициски службеник, шест за движење или непотребно задржување на пешакот на коловоз, две за некористење на тротоар или друга површина наменета за движење на пешаците.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

За време на контролата регистрирани се и 129 останати прекршоци, велат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Share
Scroll to Top