За четири дена 1571 санкции за пребрзо возење

пред 4 години

Во текот на празничниот продолжен викенд (31.12/3.1) Министерството за внатрешни работи спроведе засилени контроли за санкционирање на сообраќајните прекршоци. За четири дена се изречени 2987 мерки, од кои за возење со поголема брзина од дозволеното 1571, возење под дејство на алкохол 205, нерегистрирани возила 150 и 243 за возење без возачка дозвола.

Кај санкционираните за пребрзо возење, дури 100 возачи возеле со брзина од над 70 километри на час над пропишаната, а 250 возачи возеле од 50 до 70 километри на час побрзо од пропишаната брзина. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли и во наредниот период. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и зааеднички да придонесеме за безбедност на улиците и патиштата.

Share
Scroll to Top