Телеметриската сеизмолошка мрежа денес во 03 часот и 26 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар се наоѓа во Република Косово, на 20 километри северо-западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 2.3 степени.
Според досегашните податоци со кои располага македонската опсерваторија, земјотресот е почувствуван од населението во околината на градот Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Текстот Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје е превземен од МАКФАКС.






