Инспекторат: Во кругот на Железара работат фирми без елаборати за заштита на животната средина

пред 5 месеци

На барање на граѓаните од Гази Баба, Државниот инспекторат за животна средина излезе на терен и направи два вонредни надзора во индустриската зона, каде покрај Макстил, работат и повеќе други правни субјекти. Жителите се жалат поради очигледното и високо загадување на воздухот минатата седмица, но и поради бучавата која што доаѓа од кругот на поранешна Железара. Надзорите беа спроведени во соработка со Инспекторатот на Град Скопје, поради споделени надлежности.

„Првиот надзор беше спроведен на 9 декември, во работно време и беше утврдено јасно прекршување на Законот, односно констатирано дека повеќе правни субјекти работат без елаборати за заштита на животната средина, што значи немаат програма со мерки за заштита на животната средина и надзор врз спроведувањето на мерките. Сите субјекти се задолжени во најкус можен рок да изработат елаборати и да обезбедат одобрение од соодветна институција во согласност со закон“, соопштија од ДИЖЗС.

Вториот надзор бил извршен вчера, на 10 декември, во вечерните часови, во присуство лично и на директорката на инспекторатот, Ана Петровска, раководителот на градскиот инспекторат Горан Трајчевски и акредитирана лабораторија. Во тој момент, ниту еден од субјектите во кругот на Железара не работел, освен Макстил. Инспекторите и централната акредитирана лабораторија на МЖСПП направија мерења на лице место, а резултатите се очекуваат во текот на следните денови.

Во текот на инспекцискиот надзор било побарано објаснување за бучавата на која се жалеа граѓаните на Гази Баба. Било потврдено дека бучавата доаѓа од Макстил, поточно од електролачната печка за топење на старо железо, која и покрај изолацијата на погонот, создава силни звуци кои пробиваат во надворешната околина.

„Макстил е задолжен да го води производниот процес на начин кој нема да создава бучава и да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните“, соопшти Инспекторатот.

Share

4Anime 4anime death parade: The Quintessential Quintuplets 2 Episode 12

GoGoAnime death note gogoanime: Horimiya (https://gogoanime.be/m/VXBp) Episode 13

Scroll to Top