Исплатени субвенциите за органско производство

пред 5 месеци

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на сметките на 658 лица исплати 91,6 милиони денари за одгледувачите на органско производство.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку соопштение за јавноста информира дека станува збор за исплата на средства за оние апликанти кои имаат поднесено барања за добивање на средства од Програмата за рурален развој, поточно аплицирале за „Мерката 215 органско производство“.

Согласно програмата за рурален развој, средства ќе бидат исплатени на сите кои на органски начин одгледуваат градинсрски култури, постоечки лозови и овошни насади, овци,кози, говеда и пчелни семејства.

Средствата за финансиска поддршка на органското производство се исплатени на сите земјоделски производители кои поднеле барање за користење на финансиската поддршка и ги исполниле условите за искористување на средствата од Програмата за рурален развој.

Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни.

Share

GoGoAnime one punch man season 2 gogoanime: My Hero Academia 2 (Dub) (https://gogoanime.be/m/W9EA) Episode 25

AnimeTV m2 chia anime tv: Watch Fire Force Season 2 Episode 11

Scroll to Top