Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 26 октомври до 1 ноември 2020 година, тестирани се вкупно 17.299 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што претставува зголемување од 23,6% во однос на претходната недела.
Регистрирани сe 5.800 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 70,1% споредено со неделата претходно. Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје (n=2.690; 46,4%), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 435,5/100.000.
Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 33,5%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=1283, 22,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (n=1169; 20.2%), 40-49 (n=1089; 18,8%), 50-59 (n=1056; 18,2%) и 20-29 (n=866; 14.9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=94; 1,6%) и 10-19 години (n=243; 4,2%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 2.793 (48,2%) лица од женски и 3.007 (51,8%) од машки пол. Од случаите, епидемиолошки се истражени 839 или 14,5%.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.262 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 696 повеќе во однос на претходната недела.
Пријавени се 88 смртни случаи од 21 град, зголемување од 4,8% во однос на минатата недела. Oд нив, 70 лица биле над 60 години, 12 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по еден во возрасните групи од 30-39 години и 20-29 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 81 или 92%.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојбата со Ковид-19 за периодот од 26.10-1.11.2020г. како и Кумулативната состојба со Ковид-19 во земјава се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/.