За еден ден полицијата казнила 334 возачи во Скопје за разни прекршоци.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 334 мерки, меѓу кои 32 за возење без возачка дозвола, 26 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 37 мерки за користење на мобилен телефон, четири казни за управување под дејство на алкохол.
Шест возачи се казнети за минување на црвено светло, а казнети се и 20 пешаци, изречени се 64 мерки за непрописно паркирање и 43 возила се подигнати со „пајак“. За неносење на заштитна маска изречени се 18 санкции.