(Видео) Хаос на Стража: десетици камиони и автомобили заглавени во снег, патот е непрооден

(Видео) Хаос на Стража: десетици камиони и автомобили заглавени во снег, патот е непрооден

пред 5 месеци

Обилниот снег направи вистински хаос на патиштата низ Македонија.

„Макфакс“ дојде до видеа на кои се гледаат километарски колони возила на превојот Стража.

Заглавени се десетици камиони и автомобили. На снимките се гледа дека патот не е исчистен и не е прооден.

Колкава е гужвата се гледа и на алатката „Гугл мапс“.

Од АМСМ информираа дека има забрана за движење на тешки товарни возила на патните правци:

* Кичево-Стража

* Гостивар-Стража и Гостивар-Маврово

* Дебар – Маврово.

Автомотосојузот предупредува задолжително да се користат ланци на патниот правец Тетово-Попова Шапка.

Текстот (Видео) Хаос на Стража: десетици камиони и автомобили заглавени во снег, патот е непрооден е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top