Ковачевски на средба со г.г. Стефан: Одлуката на Вселенската Патријаршија е признание за вековното постоење на МПЦ-ОА

пред 2 години

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со Архиепископот Охридски и Македонски и поглавар на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата премиерот Ковачевски му честитал на поглаварот за радосната веста за одлуката на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија со која МПЦ – ОА се прима во евхаристичко заедништво со останатите православни цркви.

„Станува збор за историска одлука и долгоочекувано вековно признание за постоењето на Македонската Православна Црква, наследничка на древната Охридска Архиепископија“, истакнал премиерот.

Со оваа одлука на Вселенската Патријаршија, архијереите на МПЦ-ОА, свештениците и монасите, како и православните верници во нашата земја се стекнуваат со правото да соучествуваат во литургиското единство со останатите православни цркви, било посочено на средбата на која било констатирано и дека одлуката е донесена со интензивна комуникација со Вселенската Патријаршија во последните 4 години.

Share
Scroll to Top