Кацарска на средба со Џилијан Стирк, шефицата на Мисијата за набљудување на изборите при ОБСЕ/ОДИХР

Кацарска на средба со Џилијан Стирк, шефицата на Мисијата за набљудување на изборите при ОБСЕ/ОДИХР

пред 1 година

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, оствари работна средба со Џилијан Стирк, шефица на Mисијата за набљудување на изборите за претседател на Републиката и пратеници во Собранието при ОБСЕ/ОДИХР.

Претседателката Кацарска ја информира Стирк дека Уставниот суд нема надлежност директно да одлучува за изборниот процес, но во согласност со Уставот може да одлучува за уставноста на Изборниот законик, односно уставноста и законитоста на друг пропис, кој уредува прашања поврзани со изборите.

Покрај ова, судот може да одлучува и за барања поднесени од граѓаните за заштита на слободите и правата утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот доколку некое од овие слободи и права им се повредени при спроведувањето на изборите.

Како конкретен пример претседателката Кацарска го посочи неодамна оформениот предмет за оценување на уставноста и законитоста на упатството за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори 2024 по повод поднесената иницијатива на независниот претседателски кандидат Билјана Ванковска-Цветковска и политичката партија Левица.

На средбата Кацарска беше информирана за тековните и планираните активности на Мисијата поврзани со претстојните избори.

Текстот Кацарска на средба со Џилијан Стирк, шефицата на Мисијата за набљудување на изборите при ОБСЕ/ОДИХР е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top