Груби: Клучен збор во првите 100 дена на Владата е „стабилност“

пред 2 години

За мене клучниот збор на првите 100 дена на оваа влада е стабилност во многу тешки времиња за нашата земја, за регионот, за континентот, но и за целиот свет, рече првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на Форумот „100 дена Влада“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Граѓаните сакаат влада која е стабилна, има силни партнерства со НАТО, ЕУ, САД и има целосно евро-американски убедувања. Влада која води прогресивна коалиција и одговара на потребите на граѓаните, а не владејачка коалиција предводена од партија која смета дека руската агресија врз Украина е легитимна и праведна“, посочи Груби во обраќањето.

Тој порача и дека ДУИ како учесник во владината коалиција смета дека парламентарни избори може да се одржат во април 2024 година заедно со претседателските избори.

„На граѓаните не им треба непредвидливост, на граѓаните не им требаат изборни авантури затоа што тие им требаат само на дестабилизирачките агенди во регионот, кои некој друг ги прави како што кажав на почетокот, туку треба општествено одговорна Влада која го слуша граѓанинот и ги реализира проектите“, рече првиот вицепремиер на Форумот „100 дена Влада“.

Share
Scroll to Top