„Фридом хаус“: ЕУ да ја притисне Бугарија да се откаже од ветото за Македонија

пред 2 години

Северна Македонија е рангирана како хибриден режим во најновиот извештај „Нации во транзиција“ на „Фридом хаус“, кој ја анализира состојбата со демократијата во 29 држави во транзиција.

Во извештајот се наведува дека четири демократии паднале во оваа сива зона откако непрекинатиот период на демократски пад започна во 2004 година: Унгарија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Во истиот период три авторитарни режими направија демократски чекори и се приклучија во редот на хибридни режими: Молдавија, Косово и сега Ерменија“, се вели во извештајот, пренесе „Гласот на Америка“.

На скалата од еден до седум, каде еден е најниско ниво на демократски прогрес, а седум највисоко, Северна Македoнија е рангирана со оценка од 3,5 за демократско владеење, 4,25 за изборен процес, 5,25 за граѓанско општество, 3, 25 за независни медиуми, 3,25 за независно судство, додека 3,00 за корупција. Генералната оценка за демократски прогрес изнесува 3,82 или 47 проценти.

„Фридом хаус“ вели дека тековната криза обезбедува можност да се направи ревизија на процесот на пристапување во ЕУ, и оти „Блокот треба конечно да ги започне пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, притискајќи ја Бугарија да се откаже од приговорите“.

Share
Scroll to Top