Претседателот на Владата Димитар Ковачевски го започна учеството на Состанокот на шефови на влади на земјите од Југоисточна Европа членки на НАТО.
Во фокусот на состанокот, чиј организатор и домаќин е претседателот на Владата на Република Бугарија Кирил Петков, се предизвиците за регионалната безбедност во контекст на руската воена инвазија на Украина.
![]()
Премиерите на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на Република Бугарија Кирил Петков, на Република Романија Николае Чука и на Република Црна Гора Здравко Кривокапиќ ќе разговараат за координација на заедничките безбедносни стратегии наспроти ризиците и заканите од војната во Украина и за зајакнување на регионалната соработка во земјите од Југоисточна Европа.
![]()
На маргините на состанокот премиерот Ковачевски ќе оствари и билатерални средби со премиерите од регионот.




