Ковачевски ја пречека премиерката на Финска – Сана Марин

пред 2 години

Премиерката на Финска – Сана Марин пристигна во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија. Ја пречека премиерот Димитар Ковачевски, кој со финската премиерка ќе има тет-а-тет средба.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Премиерот Ковачевски и премиерката Марин потоа ќе им се придружат на делегациите на двете Влади на билатерална средба на која од наша страна ќе присуствуваат Бојан Маричиќ, заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Премиерите Ковачевски и Марин работниот дел од средбата ќе го завршат со заедничка прес-конференција.

Share
Scroll to Top