Кражба на злато и вредни предмети од златарница во Битола

пред 3 месеци

Битолското Обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен битолчанец, осомничен дека сторил тешка кражба.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Постои основано сомнение дека на 29 јуни тој влегол во златарница на булеварот „1 Мај“ во Битола и започнал да разговара со сопственикот. Искористувајќи го моментот додека оштетениот бил наведнат позади пултот, осомничениот на дрзок начин одзел златен накит со вкупна тежина од околу 330 грама (златни прстени, ланци, обетки, стари пари) со проценета вредност од околу 16.500 евра, како и повеќе парчиња други вредни предмети во вредност од околу 15.000 евра. Потоа веднаш со трчање го напуштил објектот на златарницата, стекнувајќи се со противправна имотна корист од значителна вредност.

Оценувајќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Share
Link with us
Game bài đổi thưởng
    Còn coppy thì link seo vẫn con xnxx69 com ahihih Con gà gáy le té le te sáng đi xem phim jim me chudai con gà ơi :D
Scroll to Top