Претреси во Кавадарци – пронајдена дрога, приведени две лица

пред 2 години

Синоќа околу 14.30 часот на ул.„Јован Планински“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода К.Ч.(39) и П.С.(38), двајцата од Кавадарци.

Тие биле затекнати при купопродажба на марихуана и кај двајцата била пронајдена и одземена марихуана.

После тоа, врз основа на судска наредба, во домовите на двајцата биле извршени претреси и, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top