Кривична пријава за измама: довеле во заблуда 27 лица и им нанеле материјална штета од 141.650 евра

Кривична пријава за измама: довеле во заблуда 27 лица и им нанеле материјална штета од 141.650 евра

пред 2 дена

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 30-годишниот Д.Н. од село Долно Оризари, битолско, 57-годишниот П.Н. од село Путурус, општина Могила и две правни лица од село Долно Оризари.

Првопријавениот во текот на 2023 и 2024 година, во својство на овластено лице-управител во трето и четврто пријавените правни лица и второ пријавениот – сопственик на трето и четврто пријавеното правно лице довеле во заблуда 27 лица, од кои 25 земјоделци од пелагонискиот регион и две превозни претпријатија дека после извршен откуп на житни култури за одреден временски период ќе им платат и ги убедиле да ја предадат житната култура, со што вкупно им нанеле материјална штета во износ од 141.650 евра.

Текстот Кривична пријава за измама: довеле во заблуда 27 лица и им нанеле материјална штета од 141.650 евра е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top