Кривична пријава против двајца кумановци за фалсификување пари

пред 1 месец

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Р.(43) и Н.С.(32) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. Тие на 22.01.2021 од едно лице од Тетово, обезбедиле 37 фалсификувани банкноти во апоени од 50 евра. На 23.01.2021, во периодот од 05.00 до 06.00 часот, ги пуштиле во оптек како вистински во казино во Куманово, од кои 26 банкноти ги размениле кај вработените на каса во денари, со што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 79.950 денари и за истиот износ го оштетиле казиното, а парите ги трошеле на игри на среќа во казиното.

Откако вработените се посомневале дека банкнотите не се вистински, случајот го пријавиле во СВР Куманово. Од страна на полициски службеници од казиното се одземени 26 банкноти во апоени од по 50 евра, а од патничко возило „мерцедес“, сопственост на А.Р., кое било паркирано во близина на казиното, при извршен преглед, биле пронајдени 11 банкноти во апоени од по 50 евра, кои се одземени, соопшти МВР.

Share

Watch Dr. Stone: Stone Wars Eve of the Battle Special Feature Episode Full (https://animefreak.ws/m/xWJB/ep-1) at AnimeFreak old animefreak

World Trigger (https://gogoanime.be/m/7B8) Episode 73 at website https://gogoanime.be. See more gogoanime tv kissanime

Scroll to Top