Маж изгоре во пожар во кочанското село Грдовци

пред 2 години

Рано утрово околу 6 часот и 25 минути во полиција било пријавено дека во кочанското село Грдовци, настанал пожар во куќа во сопственост на 48-годишниот А.J.

Откако интервенирала противпожарна екипа, В.Ј.(71) била извадена од куќата и пренесена во медицинскиот центар во Кочани за укажување лекарска помош, додека кај А.Ј. била констатирана смрт.

Полицијата извршила увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top