МВР: Не ги доведуваме граѓаните во заблуда, за денеска беше најавен протест за „Монструм“

пред 4 години

Mинистерството за внатрешни работи ја демантира лажната објава на социјалните мрежи од лицето, Блерим Ахмеди, дека наводно МВР сакало да го доведе населението во заблуда со објавата за најавениот протест, за денеска во 13.30 часот, а во врска со пресудите во случајот „Монструм“

„Овој протест беше најавен токму од лицето Блерим Ахмеди и МВР ги презеде сите неопходни мерки и активности за обезбедување на протестот, а соодветно и ја информиравме јавноста“, се наведува во соопштението на министерството.

Како што претходно објави „Макфакс“, еден од роднините на осудените за случајот „Монструм“ Бедри Ајдари, кој е и организатор на протестите што требаше да се случат денеска, исто така изјави дека се работи за недоразбирање.

Како што кажа тој, протест ќе се одржи идниот петок, на 2 април.

Share
Scroll to Top