Познат е идентитетот на двете лица кои загинаа вчера во тешката сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „мерцедес“ и камион што се случи на патот Ресен-Битола.
На лице место починале возачот и сопатникот на автомобилот, и двајцата од Охрид.
Станува збор за лица на 36 и 34-годишна возраст со иницијали Д.К. и Ј.Ќ., соопштија од полицијата.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Камионот бил со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Б.П.(33) од селото Ваташа, кавадаречко.