Мециновиќ прифати дебата на Телма телевизија

Мециновиќ прифати дебата на Телма телевизија

пред 2 недели

Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица, утрово на социјалните мрежи сподели дека прифатил покана за дебата на телевизија Телма.

„Добро утро Скопје, дебата на Телма за следниот четврток.

Со задоволство ја прифаќам поканата на телевизијата Телма за учество во дебатата за главниот град со мојот противкандидат.

Во духот на демократијата и витешката борба, сметам дека сите дебати се добродојдени“, напиша тој на социјалните мрежи.

Текстот Мециновиќ прифати дебата на Телма телевизија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top