Меџити на почетокот на новата академска година: Со гордост објавуваме дека Владата обезбеди 35 милиони евра за универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“

Меџити на почетокот на новата академска година: Со гордост објавуваме дека Владата обезбеди 35 милиони евра за универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“

пред 2 дена

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска учествуваше на почетокот на новата академска година на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Меџити рече дека со гордост објавува дека Владата обезбеди 35 милиони евра за изградба на универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“.

„Ова е инвестиција за вас, за помладите генерации, да се подготвите да бидете конкурентни не само во Европа, туку и пошироко. Не градиме само згради, туку ги поставуваме темелите на посветла иднина на нашата младина. Како некој што доживеал периоди кога нашите јазични и идентитетски права беа ускратени, се чувствувам горд што денес живееме во општество каде што тие се загарантирани. Да кажеме јасно: времето на шовинизмот заврши. Никогаш нема да дозволиме да се прекрши ниту едно од правата што ги стекнавме, рече Меџити и додаде: “Со овој дух на храброст и знаење, ве повикувам да се осмелите да размислувате, да се осмелите да учите”.

Меџити потенцираше дека знаењето е нашата најголема сила и дека треба да изградиме побезбедна и посветла иднина.

Текстот Меџити на почетокот на новата академска година: Со гордост објавуваме дека Владата обезбеди 35 милиони евра за универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top