Милошоски: Во најкус рок седница за тешките повреди на етичкиот кодекс од страна на Џафери

пред 3 години

Денес, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ поднесе барање до пратеникот Панчо Минов, претседател на комисијата за деловнички прашања и прашања од етичкиот кодекс, да закаже во најкус можен рок седница на која што ќе се расправа за тешките повреди на етичкиот кодекс од страна на пратеникот и Претседател на Собранието Талат Џафери, кои што беа направени на 11 мај годинава, информира Антонијо Милошоски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Ние сите бевме сведоци, целата јавност ги виде тие тешки повреди и слушна, бидејќи тоа беше пренесувано во живо на радиодифузниот сервис на МРТВ и сите ги имаме и тие снимки и затоа во прилог доставивме и снимка до господинот Панчо Минов за да има материјали врз основа на кои што ќе може да работи оваа комисија. Тоа што сакам да го истакнам е дека најмалку четири пратеници од нашата пратеничка група, биле сведоци на овој немил настан, биле внатре во самата просторија каде што на еден вулгарен и недоличен начин, претседателот Џафери ги понижувал и им вршел притисок на вработени во службата во Собранието и истите тие пратеници ќе бидат расположени да посведочат кога ќе закаже господинот Минов ваква комисија за оваа тешка повреда на етичкиот кодекс“, рече Милошоски.

Потсети дека Талат Џафери лично на 11 јуни 2018 година го има потпишано етичкиот кодекс за однесувањето на пратениците во Собранието, каде што, како што појасни во член 14 е предвидено како тешка повреда на кодексот доколку некој пратеник врши притисок или недостоинствено се однесува кон вработени во Собранието.

„Ако ова важи за сите пратеници, треба да важи и за првиот меѓу еднаквите, затоа што етичкиот кодекс не би имал смисла ако не важи за пратениците од владејачкото мнозинство. Апелирам, особено до пратеничките од понежниот пол, од владејачката коалиција да се придружат на оваа иницијатива, да се расправа на седницата за прекршување на етичкиот кодекс и да се донесе одредена санкција затоа што навредите, омаловажувањата и вулгатностите беа родово базирани на стереотипите на кој што очигледно сеуште во својот софтвер ги има Талат Џафери иако е претседател на Собранието“, наведе Милошоски.

Изрази надеж дека пратеникот Панчо Минов нема да одолговлекува и дека ќе ја закаже седницата во најкус можен рок за да можат како што рече со аргументи да донесат и санкција за спикерот Талат Џафери.

Share
Scroll to Top