Имаме ново парламентарно мнозинство, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија со челниците на ААА, Левица и БЕСА.
„Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.