Мицкоски од НАТО Самитот: Ја прославуваме 75 годишнината од најголемата одбранбена Алијанса во Светската историја

Мицкоски од НАТО Самитот: Ја прославуваме 75 годишнината од најголемата одбранбена Алијанса во Светската историја

пред 2 дена

За нас како малоброен народ е важно на овој собир да ги донесеме најзначајните одлуки кои што ќе моделираат иднината на човештвото во следните декади, за што и ние ќе го дадеме својот придонес, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во изјавата пред почетокот на работниот дел од вториот ден на Самитот на НАТО во Вашингтон.

„Како држава сме подготвени да го додадеме својот придонес на сето она што претставува вредност. Тука сме заедно со нашите сојузници за да ја потврдиме нашата посветеност, како и досега, така и во иднина, дека ќе го промовираме мирот, стабилноста и владеењето на меѓународното право“, истакна Мицкоски.

Премиерот посочи дека „македонска Влада сака да бидеме рамо до рамо со нашите сојузници и да го потврдиме слободарски дух на македонскиот народ и на македонските граѓани“.

„Остануваме посветени на исполнување на обврските, односно минимум два проценти од БДП да бидат инвестирани во модернизација на нашата Армија, нешто коешто е многу важно, затоа што само на тој начин ќе ги следиме современите чекори и ќе ја следиме најголемата светска одбранбена алијанса што некогаш постоела“, додаде Мицкоски.

Тој изрази и задоволство што заедно со останатите лидери на земјите членки на НАТО присуствува на ова одбележувањето на 75-годишнината од формирањето на, како што рече, најголемата одбранбена алијанса во светската историја.

 

Текстот Мицкоски од НАТО Самитот: Ја прославуваме 75 годишнината од најголемата одбранбена Алијанса во Светската историја е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top