Бидејќи Пендаровски бара 61 потпис, да застанеме со 61 потпис позади името на Африм Гаши и тој наместо Димитар Ковачевски да биде идниот мандатар бидејќи велеше дека единствена причина заради која ја поддржува Владата е да не го кочи евроатланскиот процес, кој гледаме дека е закочен, предложи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Покрај тоа гледам дека си најде и нова причина, а тоа е да ги реши економската и енергетската криза“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашања на тема Албанец премиер.
„Ние одговоривме дека ова не треба да се третира како етничко прашање, туку како прашање на компетенции и вештини и дека ние немаме никаков проблем да подржиме ако определена личност која ги поседува компетенциите и има план и визија да работа за добро на сите граѓаните.
Ако таквата личност биде предложена од нас како најголема партија во парламентот и ако биде Албанец, очекуваме ДУИ да го поддржи, но стигна реакција од ДУИ дека тие ќе поддржеле ако ВМРО-ДПМНЕ победи на избори и предложи Албанец. Тоа можеме да го видиме ако се охрабрат и излезат на избори“, рече Мицкоски додавајќи дека неговиот предлог е можност за Гаши да се покаже, но и за ДУИ и Али Ахмети да го поддржат него наместо Ковачевски за мандатар на владата.