Мицкоски: Резолуцијата да биде прифатена од сите партии без изговори и условувања

пред 3 дена

Резолуцијата да биде прифатена од сите политички партии, без условувања барање на изговори, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање пред денешниот настан „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ во Карпош, во врска со резолуцијата која ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ, а која треба да се најде во Собрание на дневен ред.

Мицкоски вели дека прифаќањето на резолуцијата од сите политички партии ќе значи единство кое ни е потребно за почеток на преговорите со Европската Унија, но пред се ќе се зацврстат државните позиции на Македонија.

„Колку што имам информација резолуцијата ќе биде ставена на дневен ред во текот на утрешниот ден. Очекувам поддршка од сите политички партии во Парламентот, без условувања и без демагогии, без изговори, очекувам да се надминеме себе си и да покажеме единство кое што мислам дека во периодот кој следи ќе ни биде многу значајно во процесот на отпочнување на преговори со ЕУ и тоа само ќе ги зајакне на позициите на Македонија како држава“, потенцираше Мицкоски.

Во однос на датумот за одржување на локалните избори истакна дека треба да се прекине со праксата да се крши уставот бидејќи датумот за локалните избори го дефинира Уставот.

„Околу датумот на избори тоа не е тема за која што ние ќе зборуваме на зелен пазар, тоа е тема која што ја дефинира Уставот и навистина треба да прекинеме со праксата да го кршиме уставот, како дефинира Уставот така ние треба да се однесуваме и тоа што го дефинира уставот тоа треба и да го примениме. Ако Уставот вели дека мандатот на градоначалниците и советите е четири години тогаш после четири години ние треба да го имаме првиот круг избор на градоначалници и советници. Така што ова не треба да биде тема за дневна политика јасен е Уставот како што е Уставот го повикувам претседателот на Собранието Талат Џафери да практично ги распише изборите, онака како што се според Уставот дефинирани“, нагласи Мицкоски.

Тој беше запрашан за став по однос на новиот изборен модел за претстојните локални избори при што е предвидено да има отворени листи за избор на општинските советници. Во таа насока, Мицкоски истакна дека овој предлог е предложен и е осмислен како да изгледа и како да се примени, токму од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а не како што денеска тоа го презентираше Зоран Заев изразувајќи задоволство дека за ваков изборен модел се согласи ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски посочи дека кога веќе Заев нема храброст тоа да го признае пред јавноста барем пред себеси да ја признае вистината околу концептот за отворените листи.

„Во делот на новиот концепт за отворени листи каде што изрази задоволство, што опозицијата го прифатила нивниот предлог за отворени листи, претпоставувам барем пред себе треба да си ја признае вистината околу концептот за отворени листи. Ако нема храброст тоа да го каже во јавноста, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не само што го прифати туку и ВМРО-ДПМНЕ го предложи концептот и начинот како би изгледало тоа законско решение иако тој вчера, како познат препишувач, кажа дека тоа било нивен предлог и дека ние како ВМРО-ДПМНЕ сме го прифатиле“, рече Мицкоски.

Напротив, додаде Мицкоски, предлогот е на ВМРО-ДПМНЕ а СДСМ и Зоран Заев го прифатија, но и тоа е ирелевантно.

Тој цени дека тоа е еден нов квалитет на политичката сцена, каде што индивидуи кои што се силно мотивирани, кои што ценат дека имаат и уживаат углед во средините од каде што потекнуваат, ќе имаат можност тоа, практично и да го покажат без разлика на кое место на листата на советници се наоѓаат.

Share

TwistMoe: Ling Jian Zun 2nd Season anime episode 30 online free at https://twistmoe.net anime twist app

GoGoAnime: Aladdin and the Wonderful Lamp (Dub) anime episode Full online free at https://gogoanime.be anime websites

Website https://animepahe.cc: Watch Spider Riders animepahe Episode 26 anime

Tldrlegal: https://tldrlegal.com/users/gogoanimelol

Articleusa: https://articleusa.com/members/animefreakws/

Credly: https://www.credly.com/users/kissanimemx/

Scroll to Top