Москва ќе возврати на протерувањето на дипломатoт од земјава

пред 3 години

Русија ќе преземе соодветни чекори за протерувањето на рускиот дипломат од Северна Македонија. Ова се наведува во пораката на руското Министерство за надворешни работи, пренесе ТАСС.

„Ние силно ги осудуваме ваквите немотивирани активности, кои не можат, а да не влијаат на односите меѓу Русија и Северна Македонија“, се вели во пораката. „Ќе следат мерки на одговор“.

Претходно, македонските власти соопштија за протерувањето на рускиот дипломат од земјата.

Share
Scroll to Top