Муцунски за оштетениот автомобил на Јанчева: Во Аеродром има слаби контроли од страна на полицијата

пред 3 години

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, го осуди вандалскиот чин врз автомобилот на Љубица Јанчева од СДСМ.

Тој порача дека во oпштината не смее да се случуваат такви испади, нагласувајќи дека локалните власти досека неколкупати имаат реагирано до МВР.

„Неколкупати реагираме како општина до МВР во врска со нивното дејствување во Аеродром, слабите контроли и неприсуството на терен на полицијата, но не добиваме никаков одговор“, вели Муцунски.

Тој нагласи дека во неговата градоначалничка програма нема опции од една или друга страна и апелира да не се политизираат ваквите вандалски случувања.

Share
Scroll to Top