Над 650 пациенти се лекуваат од коронавирус во болниците низ Македонија

пред 2 дена

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 658 и има околу 415 празни болнички кревети во ковид-центрите.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, 254 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје. Тука се хоспитализирани 27 нови пациенти во изминатото деноноќие.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 34 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 52 пациенти позитивни и суспектни на Ковид- 19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 59, во ковид-центарот во Гостивар 7, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 31 пациент, во Кочани 7 во Кичево 8, Кавадарци 34, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Share

Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen (Dub) (https://animedao.nl/m/Q0np) Episode Preview at website https://animedao.nl. See more animedao softonic

Watch Case Closed Episode 807 at website https://animetv.cc. See more death note anime tv

Scroll to Top