Намалена видливост на патниот правец село Гајре – Попова Шапка и Маврово

Намалена видливост на патниот правец село Гајре – Попова Шапка и Маврово

пред 2 дена

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Намалена видливост од 70 до 100 метри поради појава на магла има на патниот правец село Гајре – Попова Шапка и Маврово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Текстот Намалена видливост на патниот правец село Гајре – Попова Шапка и Маврово е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top