Национален блок „Не отворам врата“: Јасно е дека на пописот се попишуваат само Албанци

пред 4 години

Веќе станува јасно дека на пописот што сега се одвива во странство се попишуваат само Албанци организирани од албански политичари во земјата, велат од Националниот блок „Не отворам врата“ кои повикуваат на бојкот на пописот.

„Според најновите информации, Артан Груби договорил во Тирана ангажирање и на албанската шпионска служба да собира матични броеви на Албанци од Македонија во странство и да ги запишат во пописот. Пописот стана еднонационален. Пописот мора да се одложи. Ги повикуваме нашинците во странство да продолжат да го следат планот на Националниот Блок „Не отворам врата“, да го направиме пописот неуспешен“, се наведува во соопштението.

Затоа, велат од таму, сега е потребно масовно непопишување и непризнавање на, како што велат, нелегитимниот попис кој ќе падне сам од себе, бидејќи, никој нема да прифати дека во Македонија и странство нема Македонци а има само Албанци, со што се отвора патот идната народна власт да направи реален и вистински, а не лажен и фалсификаторски попис.

Share
Scroll to Top