Османи во официјална посета на Албанија, на средби со државниот врв

пред 3 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска е во официјална посета на Албанија.

За време на посетата, министерот Османи ќе се сретне со претседателот на Албанија, Илир Мета, со својот домаќин, министерот за европски и надворешни прашања на Албанија, Олта Џачка, со државниот министер за дијаспора, Пандели Мајко, и со претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша.

Се очекува на средбите да бидат разменети мислења за состојбата со вкупната билатерална политичка и економската соработка, инфраструктурното и енергетското поврзување и други области од заеднички интерес за продлабочување на меѓусебните односи.

Посебен акцент ќе биде ставен на идните активности и меѓусебната координација на планот на европската интеграција на двете држави и очекувањата во текот на португалското претседавање во првата половина од оваа година и во таа насока ќе бидат разгледани можностите за унапредување и на регионалната соработка.

Share
Scroll to Top