Најмалку десет жртви има во пожарот во ковид-центарот во Тетово што се случи вечерва, објави министерот за здравство, Венко Филипче.
„Во Тетово се случи несреќа која однесе повеќе човечки жртви. До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, изразувам најдлабоко сочуство до семејствата“, објави Филипче.
Тој додава дека лекарите се борат за животите на повредените и апелира до медиумите и граѓаните да не се шпекулира со бројките на починатите и повредените.
„Сите потврдени информации навреме ќе ги споделиме“, напиша Филипче на „Твитер“.