На Воената академија започна „Летен кампус“, ќе учествуваат студенти и питомци од 16 земји

пред 2 години

Во организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска во Центарот за обука „Пепелиште“ беше отворен 11.„Летен кампус“ на кој учествуваат 90 студенти и питомци од 16 партнерски и пријателски земји.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

На овогодинешниот „Летен кампус“, учествуваат питомците и студентите од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Хрватска, Италија, Косово, Латвија, Црна Гора, Норвешка, Полска, Романија Соединетите Американски Држави, Унгарија и од Македонија и за време на вежбата ќе имаат можност да дадат активен придонес во реализација на симулирани мултинационални операции во поддршка на мирот во фаза на стабилизација, реконструкција и градење мир.

На отворањето се обрати заменикот министер за одбрана, Башким Хасани кој најнапред на студентите, питомците и нивните предавачи им посака успешна работа и рече дека летниот кампус нуди прекрасна можност покрај едукацијата, обуката и размената на искуства и знаења, да изградат мостови меѓу различните култури и националности и да креираат нови моќни пријателства помеѓу идните офицерите.

„Имам чест да ве поздравам и да ви посакам добредојде на овогодинешниот „Летен кампус“, особено поради двегодишната пауза поради пандемијата „Ковид – 19“, но и поради тоа што ова е прв пат овој кампус да се организира откако нашата земја е членка на НАТО. Овој кампус е уникатна можност да се запознаете, да работите заедно во изнаоѓање решенија за идните предизвици во процесот на градење на мирот во постконфликтни операции како идни лидери на земјите на НАТО“, рече Хасани.

Додаде дека овој проект на Воената академија демонстрира силна посветеност во процесот на градење капацитети кои ќе се справуваат со новите безбедносни процеси.

„Кампусот е одличен пример за меѓународна соработка и партнерство меѓу земјите во регионот и пошироко, земји кои се долгогодишни партнери посветени на создавањето идни офицери способни да работат во мултинационална и мултикултурна средина“, потенцира Хасани.

Кампусот ќе се реализира во Центарот за обука „Пепелиште“ и армискиот полигон „Криволак“.

Share
Scroll to Top