Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. при денешната негова посета со граѓаните во општина Гази Баба зборуваше за веста каде Европската Унија одлучила да не додели средства на Македонија за борба против Ковид-19 и потенцираше дека ова што се случува е срамно за државата.
„Ова е срамна влада, видовте какви натписи слушнавме и од вицепремиерот за европски прашања дека они многу добро работеле впрочем и заради тоа не добиле средства, добро се покажале во текот на пандемијата, па потоа слушнавме едно поигрување со интелегенцијата на народот, но на крај резултатот што е? Нема странски инвестиции во Македонија, не сме дел од тие 530 милиони евра од Европската Унија, нема нови фабрики, нема нови реформи, нема нови училишта, се нема во Македонија. Но најважното од се е нема ниту Европска Унија во Македонија, знаете они колку се фалеа дека ќе имаме бесплатно здравство, колку се фалеа дека ќе биде достапно за сите граѓани, но на крај гледаме дека заборавиле и да аплицираат. Сега зборам за онаа мерка што ја дава ЕУ за помош на земјите и што се членки но и оние кои се кандидати за прием во ЕУ. Сега ќе пробуваат на некој начин да се извадат, гледаме, слушам и претседателот Пендаровски пробува некако да се извадат од ова прашање или слично, но што е најважното? Вакцини нема во Македонија и само она што некои земји пријатели ни дадоа, друго ништо нема“, рече Мисајловски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, порача дека оваа Влада е неспособна и на државата и требаат што поскоро предвремени парламентарни избори.
Ова е неспособна власт и оваа власт мора да си замине. Затоа на место многу да се фалат по телевизии, многу време кажуваме дека треба да работат, но не може да работат и оваа власт е криминал и мафијашка и затоа ни требаат предвремени парламентарни избори што поскоро, додаде тој