Не ги преиспитуваме пресудите, постапуваме по закон, велат од Министерството за правда за случајот со Груевски

Не ги преиспитуваме пресудите, постапуваме по закон, велат од Министерството за правда за случајот со Груевски

пред 2 месеци

Министерството за правда соопшти дека постапува исклучиво согласно законите и меѓународните договори во однос на случајот со поранешниот премиер Никола Груевски и дека се преземаат сите потребни чекори за комплетирање на документацијата и нејзино соодветно процесирање.

Од Министерството наведуваат дека собирањето информации од надлежните судови има цел да обезбеди целосна и точна правна основа за понатамошно постапување.

„Министерството нема надлежност да ги преиспитува правосилните судски одлуки, туку е должно да постапува по нив“, се наведува во соопштението.

Воедно, од таму посочуваат дека сите постапки се водат низ институционален процес и во соработка со надлежните органи на Унгарија, без влијание на политички изјави или квалификации.

Министерството додава дека останува посветено на владеењето на правото и почитувањето на правниот поредок.

Текстот Не ги преиспитуваме пресудите, постапуваме по закон, велат од Министерството за правда за случајот со Груевски е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top