„Не отворам врата“: Секој член на владата да потпише изјава за одговорност доколку било кој биде заразен од попишувачите

пред 3 години

Националниот блок „Не отворам врата“ бара сите министри и премиерот да потпишат изјава за одговорност со која се обврзуваат под морална, материјална и кривична одговорност дека ангажираните околу 30.000 попишувачи и инструктори нема никого да заразат при нивното влегување во домовите на населението, а во спротивно ќе сносат полна одговорност.

„Ова е текстот на изјавата: „Долупотпишаните членови на Владата, под морална, материјална и кривична одговорност изјавуваме дека 32.000 теренски попишувачи и инструктори кои ќе вршат попишување во 80 општини во државата групирани во 50 пописни реони, за време на пописот нема да заразат никого со коронавирусот при нивното влегување во домовите таму каде што ќе бидат пуштени да влезат и да вршат попишување на населението, становите и домаќинствата -завршен цитат“, изјави претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев како дел од Националниот блок „Не отворам врата“.

Тој кажа дека ова е уште чекор во насока власта да се вразуми и да го одложи, како што вели, животозагрозувачкиот попис во април.

„Ние, националните и патриотските сили во државата нема да прифатиме попис со кој се загрозува здравјето на народот, тоа не ви го прифаќа и македонскиот народ. За секој обид за загрозување на здравјето, одговорност мора да има. Потребен е попис со нула ризик за здравјето на народот“, рече Бачев.

Share
Scroll to Top