Ново издание на бизнис трката Business Run 2020

пред 1 година

На 24 октомври во Скопје ќе се одржи Business Run 2020, штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор. Правилата и процедурите на ова издание на трката се прилагодени на здравствените протоколи за заштита на учесниците од ковид.

За трката можат да се пријават сите компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во земјава.

Трката ќе биде штафета со 4 измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Патеката е долга 8 километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2000 метри.

Минатата година најбрз беше тимот на Комерцијална Банка, втор беше тимот на Фитнес Парк, а третото место го освои екипата на Телеком.

Сите заинтересирани своите тимови можат да ги пријават преку електронскиот формулар на веб страницата www.prvdovrv.mk. Нема ограничување за бројот на тимови што може да ги пријави секоја компанија.

Најбрзите три тимови на Business Run 2020 ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција, оние кои истрчале најбрз круг.

Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените. Организатор на Business Run 2020 e здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.

Share

free anime. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

anime website Bleach

AnimeHeaven Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 3

Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 12

AnimeHeaven Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub) Episode Full

sites to watch anime To Your Eternity

Scroll to Top