Обвинение за напад врз новинарска екипа во селото Ѓурѓевиште

пред 3 години

Гостиварското Основно јавно обвинителство, по спроведена претходна постапка, поднесе обвиниение против 50-годишен жител на селото Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, кој се товари дека сторил кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

На 16 февруари, обвинетиот ги забележал двајцата оштетени – новинар и снимател во тетовска телевизија кои снимале прилог за училиштето во селото.

Тој најпрвин започнал расправија со нив, упатувајќи им пцовки и погрдни зборови, а потоа зел секира со која започнал кон нив да замавнува.

Оштетените веднаш се оддалечиле од местото и настанот го пријавиле во полициска станица.​​

 

Share
Scroll to Top