Одбележани 127 години од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк во Битола

Одбележани 127 години од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк во Битола

пред 7 часа

Во битолскиот музеј во спомен собата на Ататурк се одржа свеченост на која беше одбележана 127 годишнината од дипломирањето на основоположникот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк во битолската воена гимназија.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски присуствуваше на свеченоста, каде заедно со претставници на голем број делегации од нашата држава и од Република Турција, положи цвеќе пред споменикот на Ататурк.

Битолската воена гимназија каде што се школувал Мустафа Кемал Ататурк во тоа време била образовна институција во која го започнал процесот на формирањето на својата интелектуална свест, под водство на успешните и познати педагози од тоа време.

Текстот Одбележани 127 години од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк во Битола е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top