По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер од југоисточен а во западните предели од североисточен правец.
Поради заладувањето на планините и на Скијачките центри ќе има врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка а повремено снежната граница ќе се спушти и под 1000 метри надморска височина, тоа значи дека повремени врнежи од снег ќе има и во повисоките населени места па и во дел од градовите особено во западните и во северните предели од Македонија.
Во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повеќе облачност и повремени врнежи од дожд а на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Повремено ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Температурите позначително ќе се намалат.
Текстот Од сонце, на дожд и снег: зимски циклон со центар над Јонско море ни носи заладување е превземен од МАКФАКС.






