Градот Скопје ги известува граѓаните дека од утре во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“ се воведува делумна забрана за движење, во периодот од 6:00 до 20:00 часот.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Воведувањето на делумната забрана за движење е според одлуката од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а по барање на ЈП „Национални шуми“ – Скопје, согласно член 57 став 2 од Законот за шумите.
Градот Скопје апелира до граѓаните да ја почитуваат воведената делумна забрана за движење во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“ и да придонесат за зачувување на зеленилото од евентуални пожари.