Општина Боговиње ја доби својата прва градинка со капацитет да згрижи 87 деца

пред 4 години

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворањето на новата детска градинка „Јета“ во населеното место Камењане, Општина Боговиње.

„ Градинката „Јета“ ќе згрижи 87 деца, организирани во 5 воспитни групи од 0-6 години. За неа веќе е подготвен и стручен кадар кој ќе се грижи децата да добијат квалитетно предучилишно воспитание и образование. Министерството за труд и социјална политика, издвои 16.000.000,00 денари како грант за Општина Боговиње, во рамките на реализација на Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го реализира Министерството со поддршка на Светска банка за изградба на нови, реконструкција и адаптација на постоечки објекти.

Во овој случај се работи за реконструкција и адаптација на постоечки објект кој во минатото бил основно училиште со негова пренамена во квалитетен и енергетски ефикасен објект за згрижување и воспитување на деца на предучилишна возраст.

„ Ова е осмата градинка која што како Влада ја отворивме од почетокот на мандатот и опфат на нови 752 деца во нив. До крајот на мандатот на оваа Влада планиранa е изградба и реконструкција на нови објекти со капацитет за нови 1900 деца. Продолжуваме кон реализација на нашите проекции, а тоа е опфат на 60% од децата во предучилишно воспитание и образование.

Градоначалникот на Општина Боговиње, Аљбон Џемаили изрази голема благодарност до Министерството за оваа инвестиција, која воедно претставува и прва детска градинка во општината и е од особено значење за жителите на Камењане. Самото име „Јета“ потенцираше градоначалникот Џемаили, значи живот на македонски и симболизира започнување на животот на децата во смисла на нивно социјализирање и влегување во воспитно-образовниот процес.

Share
Scroll to Top